
Румена Бужаровска (1981, Скопје, Северна Македонија) е писателка, преведувачка и професорка. Авторка е на романот Тони (2024) и четири збирки раскази преведени на повеќе од петнаесет јазици. Расказите од збирките Мојот маж и Не одам никаде добиле мноштво меѓународни признанија и рецензии и се поставени како шест театарски претстави во земјата и во странство. Бужаровска е авторка на Господ, па Америка (2024), збирка есеи, како и студија за хуморот во расказот За смешното (2012). Како книжевна преведувачка од англиски на македонски, превела дела од Џ.М. Куци, Луис Карол, Труман Капоти и Фланери О‘Конор. Ко-авторка и ко-организаторка е на инцијативата за раскажување женски приказни ПичПрич, а е една од трите авторки на феминистичкиот поткаст Радио Милева. Пишува колумни за регионалниот магазин Велике Приче и предава американска книжевност и преведување на Филолошкиот факултет во Скопје.
Изданија на ПичПрич @ YouTube
Гледајте и слушајте Радио Милева
Преземете фотографии, биографија или кратка биографија на линковите подолу