Author

Румена Бужаровска (1981, Скопје) е писателка, преведувачка и професорка. Авторка е на романите Cine Delfi (2026) и Тони (2024), збирките раскази Чкртки (2007), Осмица (2010), Мојот маж (2014) и Не одам никаде (2018), како и есеистичката книга Господ, па Америка (2024). Нејзините книги се преведени на дваесет јазици и територии и добиле мноштво меѓународни рецензии и признанија, додека расказите од збирките Мојот маж и Не одам никаде се адаптирани за филм и поставени како шест театарски претстави во земјата и во странство.

Како книжевна преведувачка од англиски на македонски, Бужаровска превела дела од Џ. Д. Селинџер, Џ.М. Куци, Луис Карол, Труман Капоти и Фланери О‘Конор.

Една е од трите авторки на феминистичкиот поткаст Радио Милева. Пишува колумни за регионалниот магазин Велике Приче и предава американска книжевност и преведување на Филолошкиот факултет во Скопје.

Изданија на ПичПрич @ YouTube

Гледајте и слушајте Радио Милева

Радио Милева @ YouTube

Радио Милева @ Spotify