26.10.2025
Вторник, 28 октомври19:00 часотМакка бар
По успешната прва сезона, „Родот и градот“ се враќа со нова серија разговори кои ги испитуваат врските меѓу културата, феминизмот и градот како простор на мислење и отпор.
Овојпат ни се придружуваат Румена Бужаровска и Билјана Црвенковска, авторките од Македонија чиишто книги завршија во финалниот регионален книжевен избор „Штефица Цвек“ за 2025 година. Разговорот ќе го водат Марија Бошковска и Душица Лазова, кои оваа година беа дел од жирито на изборот.
+