Пишував за безизлезноста како лично одредиште: Интервју со Румена Бужаровска
04.01.2019
Со Румена разговаравме за опсесијата да се избега од Македонија, зависта и недостатокот на лична одговорност, како централни теми во нејзината нова збирка „Не одам никаде“. Ја искористивме можноста и да дознаеме повеќе за нејзиниот неодамнешен престој во САД, развојот на ПичПрич во 2018 и нормално, феминизмот. Разговорот го водеше Калиа Димитрова.
Неодамна излезе од печат твојата нова книга Не одам никаде во издание на Или Или. Реакциите на јавноста се одлични и многумина сметаат дека ова е твоето најуспешно дело досега, а фактот што за 18 дена се распродаде првиот тираж зборува сам по себе. Како се чувствуваш по изадавањето на твојата четврта збирка раскази?
Малку издишана, малку возбудена, малку исполнета, малку испразнета… во секој случај, чудно.
+