El Placer de la Lectura – Тони на Румена Бужаровска

Мрачен, заразен и брутално смешен, „Тони” го носи светот на „Мојот маж” и „Не одам никаде” на нови територии:  на големиот роман за мачо-мажот во распаѓање. Сиров портрет на универзалниот женомрзец и, истовремено, еден од оние ретки романи кои ќе ве натераат да се смеете гласно — токму пред да ви замрзне крвта во вените.

Telva, Club de Lectura: Toni de Rumena Buzarovska – César Suárez

Македонската писателка продолжува безмилосно да го претставува овој одвратен машки лик. И тоа го прави со мрачен, зајадлив, непријатен хумор, кој стана нејзин заштитен знак, сè додека приказната не ја претвори во гротескна фарса. Таа исто така држи огледало пред мажите, но и пред жените. Прашањето што Бужаровска го поставува нѐ вознемирува: Што ако, откако ќе ги отстраниме сите слоеви на добрите манири, откриеме дека има Тони блиску до нас?

https://www.telva.com/cultura/2026/06/12/6a2bf1b001a2f1f7528b45a1-video.html